Соопштенија

Обвинителен предлог за лицето кое преку социјална мрежа упатил закани кон претседателот на Владата

Основното јавно обвинителство Гостивар денеска поднесе Обвинителен предлог против 28-годишен жител на Гостивар, кој го сторил кривичното дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 4 од Кривичниот законик.

Осомничениот преку својот профил на социјалната мрежа Фејсбук, на 3 јули 2020 година додека бил во Хамбург, Република Германија,  се заканил дека ќе изврши кривично дело убиство за кое  е пропишана казна затвор од над 5 години. Упатените зборови со заканувачка природа биле наменети за вршител на функција – претседател на Владата на Република Северна Македонија. Откако од официјалната страна на премиерот било објавено видео со УРЛ линк, како даден коментар на објавата, осомничениот преку својот профил го упатил коментарот со заканувачка содржина.