Основното јавно обвинителство Скопје донесе Резолуција дека нема место за јавнообвинителска интервенција во поглед на поднесеното писмено известување од техничкиот министер за внатрешни работи, кое се однесуваше на кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 од Кривичниот законик и на кривично дело – Несовесно работење во службата од член 353-в од Кривичниот законик.
Писменото известување се однесуваше на тоа дека има определени недоследности во функционирањето на Оперативно-техничката агенција (ОТА) и на Агенцијата за национална безбедност (АНБ).
Надлежниот јавен обвинител направи проверки во МВР, во ОТА и во АНБ, од каде беа доставени потребните податоци за проверка наводите во известувањето.
Од анализата на писменото известување, како и на доставените одговори и податоци, произлезе дека реформата на безбедносниот систем, основањето и функционирањето на ОТА и на АНБ, како и начинот на извршување на нивните надлежности, претставуваат системски прашања и од кривично-правен аспект не постои основ за постапување.