Соопштенија

Постапка против едно лице во Битола заради непочитување на задолжителната домашна изолација

Основното јавно обвинителство Битола поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетата 34-годишна битолчанка не постапила по Решението на Државниот здравствен и санитарен инспекторат – Сектор за инспекциски надзор ПО Битола, со кое на 15 јули била ставена под здравствен надзор и домашна изолација во траење од 14 дена од последниот контакт со лабораториски докажано лице заболено со заразна болест чиј причинител е коронавирусот COVID-19. При извршена проверка од полициски службеници од СВР Битола на 17 јули, обвинетата не била затекната во нејзиниот дом.

Надлежен јавен обвинител на Основниот суд Битола му предложи за обвинетата да изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби, при што вредноста на една глоба да се определи на 20 евра во денарска противвредност.