Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески се сретна со проектниот тим со седиште во Република Северна Македонија на Проектот за борба против сериозен криминал во Западниот Балкан – ИПА 2019. На средбата стана збор за можностите за идна соработка.
На Јовески му беа презентирани новините во актуелната проектна фаза (7.2020-6.2023), вклучувајќи ги и можностите да се поднесуваат проектни идеи во рамките на јавниот повик за техничка помош, поддршката на проектот за јавниот обвинител за врска на Република Северна Македонија со EUROJUST, како и намерата на проектот да ја зајакне соработката меѓу јавните обвинителства од Западниот Балкан и соодветните мрежи во ЕУ. Јовески му посака добредојде на тимот во новата проектна фаза, нагласувајќи ја притоа важноста на поддршката од овој проект за работата на Јавното обвинителство и истакнувајќи го значењето на досегашната соработка.
Проектот за борба против сериозен криминал во Западниот Балкан е кофинансиран од Европската комисија, германската Влада и италијанската Влада, а за неговата имплементација се задолжени ГИЗ од Германија, ЦИЛЦ од Холандија и италијанското Министерство за внатрешни работи.