Јавни обвинители од Основното јавно обвинителство Скопје денеска го одржаа првиот Отворен ден на Јавното обвинителство за студентите од Правниот факултет во Скопје.
Обвинителите Даниел Коцев, Наташа Гоџоска, Фатон Азизи и Наташа Сарамандова на виртуелната презентација ја претставија работата на Јавното обвинителство, но споделија и корисни информации за правата и обврските на граѓаните во кривичната постапка.
Ова е првиот од серија на настани кои Јавното обвинителство планира да ги одржи за приближување на работата на обвинителите до студентите и јавноста.