Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен предлог против 65-годишен државјанин на Република Турција, кој се гони за кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
На 27 ноември, на Меѓународниот аеродром Скопје, при излез од државава, осомничениот употребил како вистинска лажна турска службена патна исправа. Дека пасошот не е оригинален утврдиле овластени службени лица при контрола на аеродромот.