Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против двајца државјани на Република Албанија, кој се гони за кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
На 19 декември, на Меѓународниот аеродром Скопје, 37-годишниот обвинет и 27-годишната обвинета употребиле лажни исправи – италијански лични карти и возачки дозволи на други имиња.