Соопштенија

Притвор за осомничен за разбојничка кражба во Штип

Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомневање дека сторило кривично дело – Разбојничка кражба од член 238 став 1 од Кривичниот законик.

На 6 февруари, осомничениот влегол во куќа на улицата „Гоце Делчев“, извршил пребарување и одзел лап топ компјутер вреден 50.000 денари. При вршењето на кражбата, го затекнала сопственичката на куќата. Осомничениот во тој момент физички ја нападнал, удирајќи ја по телото и раката, ја турнал на земја и побегнал со украдениот предмет.

Надлежниот јавен обвинител, до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Штип поднесе предлог за определување мерка притвор за осомничениот, ценејќи дека постои опасност тој да се даде во бегство, да влијае врз сведоците/оштетената или да го повтори делото. Судијата го прифати предлогот на обвинителот и донесе решение со кое на осомниченото лице му определи притвор во траење од 30 дена.​