Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка за едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од член 188 од Кривичниот законик.
Имено, постои сомнение дека осомничениот 26-годишник од Радовиш извршил обљуба врз малолетничка. Јавен обвинител веќе извршил разговор со осомничениот, кој не го негира сторувањето на делото. Во насока на обезбедување докази, надлежниот обвинител издаде и наредби за вештачења на траги, разговори со сведоци, како и за психијатриски вештачења на осомничениот и на оштетената.
До судијата на претходна постапка од Основниот суд во Струмица јавниот обвинител поднесе предлог за определување мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште, привремено одземање на патната исправа, обврска да се јавува повремено во Судот, како и забрана за приближување и остварување контакти со жртвата.