Соопштенија

Гостиварец обвинет за загрозување на животната средина

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против едно 52-годишно лице за кривично дело – Загрозување на животната средина и природата со отпад од член 230 став 1 од Кривичниот законик.

На 19.07.2020 година во селото Балиндол, обвинетиот на трактор со приколка натоварил поголемо количество земја, иверици и отпад, како и еден стар кревет, па ги истурил во близина на коритото на реката Вардар со што можел да предизвика загадување на почвата и водата. Во тој момент бил забележан од полициски службеници во Гостивар кои направиле записник и го обезбедиле местото.​