Соопштенија

СООПШТЕНИЕ

Основното јавно обвинителство Скопје ја известува јавноста дека предметите по јавно објавените наводи од наводно прислушкуваните разговори по службена должност и досега поднесените кривични пријави од СДСМ, се распоредени на 17 јавни обвинители од ова обвинителство.

Сите пријави се дадени во работа. По дел од истите досега се преземени определени дејствија, а во тек е преземањето и на други активности согласно Законот за кривична постапка, Кривичниот законик и внатрешните правила за работење на јавното обвинителство.

Напомнуваме дека, како и по сите други кривични пријави и настани без оглед на тоа кој е подносител и кој е пријавен, надлежните јавни обвинители на ист начин постапуваат и по наведените предмети.