Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески и Главниот државен ревизор м-р Максим Ацевски потпишаа Меморандум за зајакнување на меѓуинституционалната комуникација на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија и Државниот завод за ревизија.
Целта на документот е подобрување на квалитетот и начинот на меѓусебната соработка и комуникација заради навремено, целисходно и ефикасно постапување по утврдените состојби во конечните ревизорски извештаи.
Со потпишување на меморандумот двете институции се обврзуваат да дејствуваат заеднички во насока на обезбедување навремена, непосредна и отворена комуникација со која ќе се обезбедат суштествени информации поврзани со ревизорските наоди, даденото ревизорско мислење и дадените препораки содржани во ревизорските извештаи.
Потписниците на меморандумот се обврзуваат целокупната меѓуинституционална комуникација да ја остваруваат согласно законските надлежности и врз основа на принципите на доверливост и взаемна почит.
Текстот на меморандумот на следниот ЛИНК.