Соопштенија

Основното јавно обвинителство -Тетово донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице за сторено кривично дело Убиство

По поднесената кривична пријава од страна на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија – СВР Тетово, надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство -Тетово донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице за сторено кривично дело Убиство во обид .

Имено, на 31.03. 2015 година во вечерните часови осомничениот со умисла се обидел да го лиши од живот оштетениот, доведувајќи во опасност  уште едно лице.

Пo  намерно предизвикана собраќајна незгода во која учествувале таткото на осомничениот, оштетениот и зетот на оштетениот, таткото на осомничениот се дал во бегство и го повикал својот син. По пристигнувањето на местото на настанот, осомничениот со пиштол марка „Бул шероке М5/ 45 ” за кој  има дозвола за поседување од непосредна близина испукал неколку куршуми кон возилото на оштетениот со намера да го лиши од живот оштетениот и неговиот сопатник, со што сторил кривично дело Убиство по чл.123 ст.2, т.3 вв со чл.19 од Кривичниот законик.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд – Тетово поднесе Предлог за определување на мерка – Притвор во траење од 30 дена. Судијата на претходна постапка  уважувајќи го предлогот донесе Решение со кое е определена предложената мерка.

На настанот му претходеле влошени меѓусебни односи помеѓу оштетениот и таткото на осомничениот.​