Соопштенија

Истрага против едно лице кај кое беше пронајдена марихуана и амфетамин

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 57-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 од Кривичниот законик.

При претрес во домот на осомничениот на улицата „Никола Тесла“, на 9 декември, биле пронајдени 481,04 грама наркотична дрога – марихуана, спакувана во повеќе различни пакувања и наменета за натамошна препродажба, како и 0,42 грама амфетамин и две дигитални ваги со остатоци од дрога.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, со цел да се обезбеди неговото присуство во текот на постапката.​