Соопштенија

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе Обвинителен акт против осомничените лица во случајот „Пуч“

По спроведување на сеопфатна истражна постапка, разгледување и анализа на сите прибрани докази и факти во предметот „Пуч“, надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во Основниот суд Скопје 1 – Скопје поднесе Обвинителен акт против осомничените.

Првообвинетиот З.В. се терети за едно продолжено кривично дело Неовластено прислушкување и тонско снимање од чл.151 ст.4 в.в. со ст.1 а во врска со чл.23 и чл.45, Шпионажа од чл.316 ст.4 и Насилство спрема претставници на највисоките државни органи од чл.311 в.в со чл.24 од Кривичниот законик.

Второобвинетиот Ѓ.Л. е обвинет за едно продолжено кривично дело Неовластено прислушкување и тонско снимање од чл.151 ст.4 в.в. со ст.1 а во врска со чл.23 и чл.45 и кривично дело Шпионажа од чл.316 ст.4 в.в. со чл.24 од Кривичниот законик.

Третообвинетата С.В. за кривично дело Шпионажа од чл.316 ст.4 в.в. со чл.24 од Кривичниот законик, додека четвртообвинетиот З.З. за кривично дело Насилство спрема претставници на највисоките државни органи од чл.311 в.в чл.19 од Кривичниот законик и петтообвинетиот Б.П. за кривично дело Насилство спрема претставници на највисоките државни органи од чл.311 в.в чл.24 од Кривичниот законик.

Во исто време, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот суд Скопје 1- Скопје поднесе и Предлог за продолжување на мерката -Притвор.