Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 33-годишен скопјанец кој во автомобил Ауди Q5 неовластено држел огнено оружје пиштол марка AG-9 и две рамки со вкупно 30 куршуми.
Полициски службеници извршиле претрес во автомобилот и го пронашле оружјето, откако претходно истиот ден осомничениот го вперил пиштолот кон три лица и испукал еден куршум во воздух пред зградата во која живее, а еден од оштетените и го удрил со шлаканица по лицето.
Истрага е поведена поради основано сомнение дека со тоа сторил кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од член 396 став 3 во врска со став 1, а против осомничениот ќе се води и скратена постапка за кривично дело – Насилство од член 386 од Кривичниот законик.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.