Соопштенија

ОЈО Скопје ќе предложи спојување на постапките за обвинети за грабнување и свирепо убиство на две лица

Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје достави известување за завршена истрага до првоосомничениот за двојното грабнување и свирепо убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски.

Со ова тече законскиот рок на одбраната да изврши увид во доказите. По истекот на овој рок и поднесување обвинение, јавниот обвинител ќе предложи спојување на судските постапки против вкупно петмина обвинети за овој кривично-правен настан, бидејќи постојат законските основи предвидени во член 28 од Законот за кривична постапка. Со цел да се овозможи единственост на постапката, обвинителството ќе побара одлагање на рочиштето закажано за 30-ти јули против четворицата претходно обвинети.

Истражната постапка е завршена и за уште едно лице осомничено за помагање по извршување на кривичното дело. Постапката против него ќе се води одвоено.