Соопштенија

Марихуана и амфетамин пронајдени во дом на скопјанец, поведена истрага

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

При претрес во подрумска просторија во Аеродром која ја користел осомничениот 49-годишник, полициски службеници пронашле вкупно 108.61 грама марихуана, 66.9 грама психотропна супстанца – амфетамин и синтетички опијат – метадон со вкупен волумен од 210.5 мл.

Освен тоа, биле пронајдени и парични средства за кои постои сомнение дека потекнуваат од илегална трговија со дрога, како и две дигитални ваги со траги од амфетамин, кокаин и марихуана.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот поради опасност од бегство и доказите кои упатуваат на тоа дека би можел да продолжи да врши неовластена продажба на дрога.