Јавното обвинителство на Република Северна Македонија и Комитетот за истрага на воздухопловни
несреќи и сериозни инциденти (КИНСИВ) потпишаа Меморандум за соработка со цел унапредување на соработката и размената на информации поврзани со истраги на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти.
Меморандумот го потпишаа Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески и претседателот на Комитетот Марјан Прпоски.
Со документот треба да се обезбеди ефикасна, координирана и правно усогласена соработка при спроведување на техничките истраги на КИНСИВ и кривично-правните истраги на Јавното обвинителство.