Соопштенија

Основното јавно обвинителство Куманово го расветлува убиството во кумановско Диво Насеље

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово изврши увид на лице место за случениот вооружен напад во кој животот го загуби едно лице. Надлежениот обвинител издаде Наредби за прибирање на траги од лице место, вршење на потребни вештачења, како и за обдукција на  починатото лице.

Вооружениот напад се случил претпладнево, кога  осомниченото лице, државјанин на Косово  кој привремено престојувал во Швајцарија, со огнено оружје ранил две лица, и тоа таткото и братот на неговата поранешна сопруга. На прострелните рани веднаш им подлегнал седумдесет и едно годишниот Р.Р. од Куманово. На триесет годишниот син кој се здобил со тешки телесни повреди  му се пружа медицинска помош.

Осомниченото лице во моментов е недостапен на органите на прогонот.