Соопштенија

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција постапува против 12 лица приведени во денешната акција

Донесена е Наредба за спроведување на истражна постапка против 12 лица, приведени во полициската акција која во текот на ноќта и утринава се спроведуваше во повеќе градови во земјава.

Едно од осомничените лица се гони за сторени кривични дела Злосторничко здружување и Злоупотреба на службената положба и овлaстување кој ги сторил вршејќи висока функција во Основниот суд Куманово. Останатите единаесетмина се гонат за сторени кривични дела Злосторничко здружување, Лихварство, Изнуда и Криумчарење мигранти.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот обвинител предложи до Судијата на предходна постапка од Основниот суд Скопје 1 Скопје за сите дванаесетмина да се определи мерка Притвор.

Истрагата во обвинителство продолжува.