Соопштенија

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинение за осомничените за случувањата од мај годинава во кумановско Диво Насеље

Врз основа на досегашните докази од истрагата во врска со кумановските настани од 9 и 10 мај годинава, надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција  до Основниот суд Скопје 1 – Скопје поднесе обвинение против 29 лица.

Обвинетите се теретат за сторени кривични дела „Терористичка организација” од чл. 394 – а и „Тероризам” од чл. 394 -б од Кривичниот законик.

Надлежниот обвинител во исто време достави и Предлог за продолжување на мерката – Притвор за обвинетите.