Соопштенија

Основното јавно обвинителство Скопје побара Притвор и за едно од осомничените лица кои беа опфатени со предходните дејствија во т.н. предмет „Фабрика за афери“

Осомниченото лице опфатено со дејствијата на надлежното обвинителство на почетокот од преземањето на дејствијата во предметот т.н. Фабрика за афери се сомничи за три кривични дела и тоа:  Изработување и набавување оружје и средства наменети за извршување на кривично дело од член 395, Фалсификување исправа од член 378  и Злоупотреба на лични податоци од член 149  сите од Кривичниот законик.

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Предлог за определување на мерката Притвор.

Осомничениот  во моментов е на издржување на казна затвор за друго сторено кривично дело. Издржувањето на казната затвор, според обвинителството, не ја исполнува целта ниту пак ограничувањата кои се постигнуваат со мерката притвор.