Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство – Гостивар изврши увид во центарот на Кичево, на местото каде вчеравечер, се случи вооружен инцидент во кој се ранети три лица.
Според првичните сознанија до инцидентот дошло кога лицето А.А од зад грб испукало неколку куршуми од пиштол кон А.А и А.Д. При нападот со лесни телесни повреди во пределот на потколеница се здобил и случаен минувач. Поради сериозноста на повредите А.А и А.Д се пренесени на лекување во скопските клиники.
При увидот јавниот обвинител издаде наредби за собирање на траги од лице место, за вештачење, фотографирање и скицирање на местото на настанот.
Основното јавно обвинителство – Гостивар издаде Наредба за спроведување на истражна постапка за А.А. кој е осомничен дека ги извршил кривичните дела – Убиство во обид од чл.123 ст.3 во врска со чл.19 од Кривичниот законик и Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од чл.396 од Кривичниот законик.
Надлежен јавен обвинител до судија на претходна постапка при Основниот суд – Гостивар достави Предлог за определување на мерка – притвор за осомничениот.