Соопштенија

Основното јавно обвинителство Велес ја расветлува сообраќајната несреќа во која тешко беа повредени три лица

Рано утринава околу 4 часот, во близина на Градската библиотека во Велес се случи сообраќајна несреќа. Велешанец кој управувал со возило Фиат Пунто удрил во тројца пешаци, а потоа во потпорен зид. Од ударот трите лица кои ја преминувале улицата се здобиле со тешки телесни повреди.
По насока на дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес извршен е увид на лице место од страна на увидна екипа од Министерството за внатрешни работи. Јавниот обвинител издаде Наредби за прибирање на траги од местото на настанот и за вршење на анализа на крв и урина земени од возачот со цел утврдување на факти и околности за настанот.