Соопштенија

Завршен увид од Основното јавно обвинителство – Радовиш за инцидентот во кој е употребен службен пиштол

Основното јавно обвинителство – Радовиш изврши увид на лице место во кривично правниот настан што се случи овој викенд во Радовиш во кој полициски службеник при извршување на службена должност рани едно лице. Надлежниот обвинител ги обезбеди сите траги и докази врз основа на кои во наредните денови Основното јавно обвинителство – Радовиш ќе донесе соодветна јавнообвинителска одлука.

 

ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА