Во текот на вчерашниот ден во Основното јавно обвинителство Скопје пристигна известување од СВР Скопје во врска со смртта на родилката во приватна здравствена установа во Скопје.
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредби за прибирање на потребната документација и податоци. По разгледување и анализа на пристигнатиот материјал и по добивањето на обдукцискиот протокол од Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија ќе биде донесена јавно обвинителска одлука.