Основното јавно обвинителство Скопје превзема активности во предметот за сообраќајната несреќа која се случи на автопатот Велес – Скопје, кога управувач на патничко возило возејќи во спротивна насока предизвика сообраќајна несреќа.
Обвинителството до надлежниот Основен суд Скопје 1 – Скопје предложи определување мерки на претпазливост. По предлогот, судот ги определи мерките за претпазливост: одземање на пасошот на осомничениот и друга исправа за поминување на државната граница, обврска на осомниченото лице да се јавува еднаш неделно во судот и забрана за напуштање на престојувалиштето.
Јавното обвинителство продолжува со предистражната постапка во која ќе се соберат сите релевантни докази за настанатата сообраќајна несреќа, по што ќе биде донесена јавно обвинителска одлука.
ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА