Соопштенија

Основното јавно обвинителство Тетово го истражува убиството во Мала Речица

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово изврши увид на лице место во тетовска Мала Речица, каде што според првичните информации 53-годишен тетовец ја лишил од живот својата сопруга.

Мотивот за настанот што се случил во семејната куќа на родителите на починатата се уште се истражува.

Напуштајќи ја куќата, осомничениот пукал и кон такси возило во близина. Таксистот не е повреден, но пронајдени се проектили во автомобилот. По настанот осомничениот избегал и по него се трага.

Надлежен јавен обвинител издаде наредба за обдукција на починатата, како и наредби за прибирање и за вештачење на траги и материјални докази пронајдени на лице место.