Соопштенија

Одмрзната сметка за исплата на плати

Постапувајќи по Барањето на полномошникот на правните лица – Друштво за обезбедување и услуги „Секјуриком Мултисервис Интернационал“ ДООЕЛ Скопје, Трговско друштво „Секјуриком Сервис“ и Трговско друштво „АПС“ ДООЕЛ Скопје чии сметки се предмет на привремена мерка, надлежниот  јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, достави мислење за делумно ослободување на парични средства од замрзнати трансакциски сметки.

Со оглед на тоа што два члена на Групацијата „Секјуриком“ немаат доволно парични средства за целосна исплата на бруто платите, а со цел да не се загрози егзистенцијата на вработените и на нивните семејства, неопходно е од замрзнатата денарска сметка на Друштвото за обезбедување и услуги „Секјуриком Мултисервис Интернационал“ ДООЕЛ Скопје да се трансферираат парични средства на замрзнатите сметки на другите две правни лица за исплата на бруто плати за месеците јули, август и септември 2018 година.