Искористувајќи го претходното познанство со жртвата, триесет и две годишниот осомничен, вчера во с. Муртино, струмичко, околу 10.30 часот ја нападнал оштетената-лице со пречки во развојот и при тоа извршил обљуба. Тој како вработен во претпријатие за собирање отпад претходно се сретнал со оштетената, при што ја осознал нејзината состојба како и домот во кој живее. Во момент кога жртвата била сама, осомничениот го извршил делото. По пријава од родител на жртвата, осомничениот е веднаш лишен од слобода.
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против осомничениот за сторено кривично дело Обљуба на немоќно лице од член 187 став 2 од Кривичниот законик. Едновремено, обвинителот ценеше дека се исплонети законските основи, па до Основниот суд Струмица достави предлог за определување на мерката притвор. Судот го прифати предлогот на осомничениот и со Решениe му определи притвор во времетраење од 30 дена.