Соопштенија

Основната јавна обвинителка Вилма Русковска се сретна со амбасадорката Рејчел Галовеј

Денеска во просториите на Oсновното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Основната јавна обвинителка Вилма Русковска беше домаќин на Нејзината екселенција – амбасадорката на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во Република Македонија – Рејчел Галовеј.

ruskovska i galloway
Покрај искреното добредојде, обвинителката Русковска ја запозна амбасадорката со надлежностите на обвинителството со кое раководи и со предизвиците со кои секојдневно се соочува. Во исто време, стана збор за подготвеноста на обвинителството да се справи со организираниот криминал и корупцијата.

Амбасадорката Галовеј ја истакна важноста на обвинителството за владеењето на правото во земјата, како и во процесуирањето на предметите од областа на економскиот криминал и корупцијата.