Соопштенија

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага за неовластено пуштање во промет наркотични дроги кокаин и хероин

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, осомничено дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот набавил поголемо количество наркотична дрога – кокаин и хероин и потоа ја препакувал во својот дом со намера да ја пушти во продажба. При извршениот претрес од овластени службени лица од СВР Скопје, на 07.03.2019 година, во домот на осомничениот биле пронајдени и одземени: наркотична дрога кокаин со вкупна нето маса од 269,41 грама, наркотична дрога хероин со вкупна нето маса од 90,9 грама, дигитална вага, како и две лажици, картичка и нож со остатоци од наркотична дрога.

До судијата на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1 Скопје, надлежниот јавен обвинител достави и предлог за определување на мерка притвор за осомниченото лице, ценејќи дека постои опасност осомничениот да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело.