Соопштенија

Основното јавно обвинителство Штип поведе постапка против едно лице за сторено кривично дело – Родосквернавење

Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице донесе надлежното Основно јавно обвинителство Штип откако утврди постоење на основано сомневање дека осомничениот извршил обљуба на својата ќерка, која е малолетно лице кое сеуште не наполнило четиринаесет години.
Осомничениот  се гони за сторено кривично дело – Родосквернавење.
Надлежниот обвинител ценејќи дека се исполнети законските основи, до судијата на предходна постапка предложи определување на мерка Притвор за осомниченото лице. По ваквиот предлог се произнесе и судијата, па со Решение на осомничениот му е определена мерка Притвор во времетраење од 30 дена.
Во Основното јавно обвинителство Штип истражната постапка против осомничениот продолжува, во насока на собирање на потребните докази во предметот