Основното јавно обвинителство Скопје отвори постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик.
Осомничениот на 24 јуни, во вечерните часови, на ул. „Струмичка“ во Скопје, од патничко моторно возило Мерцедес Ц200 со такси ознаки, одзел пари во вкупен износ од 3.910 денари. Имено, тој употребил дел од автомобилска свеќица за да го скрши предното лево возачко стакло на автомобилот и со рака ја пребарал фиоката од левата возачка врата, каде ги пронашол парите и ги одзел со намера противправно да ги присвои.
Особено имајќи го предвид фактот дека се работи за осомничен кој досега е осудуван за истородни и други кривични дела, надлежниот јавен обвинител ценеше дека постојат околности што очигледно укажуваат на опасност тој да се даде во бегство, па до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.