Повеќемесечната претходна постапка што се спроведуваше од месец февруари до денес, утрово резултираше со наредба од надлежниот јавен обвинител за гонење на организиран криминал и корупција за спроведување на истрага против девет осомничени лица. Осомничените се товарат за кривични дела – Злоупотреба на службена положба и овластување по чл.353 ст.5 , а во врска со ст.1 и Перење пари и други приноси според чл. 273 ст.1 од Кривичниот законик на Република Македонија.
Надлежниот јавен обвинител за гонење на организиран криминал и корупција до судијата на предходна постапка од Кривичниот суд – Скопје поднесе Предлог за определување на мерка за обезбедување. Во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во тек е истрагата против деветтемина осомничени.