Соопштенија

Истрага за продолжено кривично дело измама

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 41-годишна вработена како аналитичар во СВР Скопје која е осомничена за продолжено кривично дело – Измама според член 247 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Од април 2023, искористувајќи ист траен однос и исти прилики, осомничената довела во заблуда три … Повеќе

Предложен притвор за осомничен за двојно убиство во Стајковци

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за лице осомничено дека сторило кривични дела – Убиство според член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик. Против лицето беше поведена истражна постапка откако на 14 мај, при вршење семејно насилство, во семејниот дом во … Повеќе

Соопштение

По екстрадицијата на првиот осомничен од Република Турција, јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје продолжува да презема истражни дејствија во предметот за грабнувањето и убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. За петмина осомничени, од кои тројца соизвршители во тешките кривични дела – две грабнувања и две убиства на свиреп начин, еден осомничен за … Повеќе

Извршен увид, се испитуваат причините за опожарување на службениот автомобил на директорот на КПУ „Идризово“

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје и вешти лица од Одделот за форензички истраги на МВР извршија увид во Кисела Вода каде во текот на ноќта беше опожарен службен автомобил во сопственост на КПУ „Идризово“ – Скопје кој го користел директорот на установата. Прибрани се траги од лице место кои ќе бидат предмет на … Повеќе

Две лица лишени од живот во Стајковци, ОЈО Скопје изврши увид

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со инспектори и увидна екипа на МВР и тим од обдуценти од Институтот за судска медицина, извршија увид на лице место во семејна куќа во селото Стајковци каде попладнево едно лице ги лишило од живот сопствениот брат и сопругата на другиот брат, кој претходно бил починат. Причините … Повеќе

Три лица, меѓу кои и полицаец, осомничени за разбојништво и противправно лишување од слобода

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица кои како соизвршители се осомничени за кривични дела – Разбојништво од член 237 став 1 и Противправно лишување од слобода согласно член 140 став 5 од Кривичниот законик. Двајцата се осомничени дека на 23 април противправно лишиле од слобода … Повеќе

Истражителка на ОЈО Скопје за компјутерски криминал со меѓународно признание од ИЛЕА

Меѓународната академија за спроведување на законот (ИЛЕА) во Будумпешта додели признание за работата и постигнувањата на Марина Пешовска, истражителка за компјутерски криминал од Истражниот центар на Основното јавно обвинителство Скопје. Пешовска беше избрана како финалист во категоријата “оперативен успех” поради успешна примена на вештините за дигитална форензика во борбата против локалниот и транснационалниот сајбер-криминал. Успехот … Повеќе

Поведена истрага против осомничен за трговија со дрога и психотропни супстанции во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и психотропни супстанции од член 215 став 1 од Кривичниот законик. При претрес во домот каде престојувал  осомничениот 36-годишник во Скопје била пронајдена и одземена наркотична дрога марихуана со вкупна … Повеќе

Соопштение

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија тукушто е известено дека Министерството за правда добило официјална информација од Република Турција дека се одобрува екстрадицијата на лице осомничено за две кривични дела грабнување, како и за две убиства на свиреп начин. Постапката за екстрадиција ќе биде спроведена преку Министерството за внатрешни работи. По предлог на Основното јавно … Повеќе

Откриен еден од осомничените за тешка кражба на сеф во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 23-годишник осомничен за кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик. Ноќта меѓу 31 март и 1 април, осомничениот заедно со уште три лица, провалиле во затворен маркет на улицата „Востаничка“ во Скопје, одзеле метален сеф во вредност од 12.000 денари, … Повеќе

Започна увидот по пожарот во Универзална сала

Откако локацијата e обезбедена и се создадени неопходни услови, увидни екипи со јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска го започнаа увидот на објектот на Универзалната сала каде вчера изби пожар. Локацијата ќе биде детално прегледана за да се обезбедат сите докази неопходни за утврдување на причините за настанување на пожарот. Стручно вешто лице … Повеќе

Предложен притвор за турска државјанка, нападнала полицајци на аеродром

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлог за определување мерка притвор против 36-годишна државјанка на Република Турција против која е поведена постапка за кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 1 од Кривичниот законик. Странската државјанка, на 8 април пристигнала на Меѓународниот аеродром Скопје … Повеќе

Еден осомничен за изнуда и лажно претставување

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека ги сторил кривичните дела – Изнуда од член 258 и Лажно претставување од член 391 од Кривичниот законик. Во период од 14.12.2023 до 05.04.2024 година, пријавениот лажно се претставувал како службено лице – вработен во Агенцијата … Повеќе

Предложен притвор за недозволено држење оружје и муниција

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот суд достави предлог за определување мерка притвор за лице осомничено за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од член 396 став 3 од Кривичниот законик. Против 29-годишниот скопјанец е донесена наредба за спроведување истражна постапка, бидејќи на 4 … Повеќе

Основното јавно обвинителство Скопје привршува со изведување докази во предметот за измама во приватна клиника

Надлежниот јавен обвинител од ОЈО Скопје е во завршна фаза со изведување на обемниот доказен материјал во предметот за кривично дело – Измама против сопственик на приватна здравствена установа и против клиниката. Во текот на доказната постапка, обвинителството изведе материјални и вербални докази, мислења на стручни авторитети, како и докази за јавни настапи со кои … Повеќе

Истрага против двајца соизвршители во илегална трговија со дрога во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица –  19 – годишник и 53 – годишна жена кои заедно се осомничени за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и психотропни супстанции од член 215 став 1 од Кривичниот законик. По добиени информации од двајца сведоци, … Повеќе

Извршен увид во скопска Железара, пронајдено безживотно тело

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место во скопската населба Железара каде во текот на ноќта беше пронајдено безживотно тело на лекар со повеќе убодни рани. Телото на починатиот го пронашол неговиот син. Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција, како и наредба за прибирање и анализа на сите траги … Повеќе

Поведени истраги против дилери на хероин во Скопје и Велес

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело- Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и психотропни супстанции од член 215 став 1 од Кривичниот законик. При претрес во домот на осомничениот, на 15 март полицијата пронајде 480,3 грама хероин, во 43 пакувања, како и 7,13 … Повеќе

Предложен притвор за давање поткуп на Блаце

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор против 45-годишен државјанин на Косово, осомничен за кривично дело – Давање поткуп по член 358 став 1 од Кривичниот законик. Вчера на граничниот премин Долно Блаце, осомничениот му дал 50 евра … Повеќе

Новоназначениот обвинител за следење на предметите во ОЈО Скопје поврзани со безбедност на новинарите на регионална конференција во Белград

На регионалната конференција „Нова борбена линија: Соработка за унапредување на безбедноста на новинарите во Југоисточна Европа“, што се одржува денеска во Белград, во организација на ОБСЕ и под покровителство на Европската унија, учествува јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје Дејан Петрески. Петрески, кој од неодамна е назначен за јавен обвинител задолжен да ги следи … Повеќе