Соопштенија

Истрага против дилер на марихуана во Тетово

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело- Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. При претрес во домот на осомничениот, во рамките на оперативна полициска акција, пронајдени се 126,95 грама марихуана во поделена … Повеќе

Силување дете во Тетово, поведена истрага против едно лице

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 34-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Силување дете кое не наполнило 15 години, казниво според член 188 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот на 28.11.2024 година, во напуштен локал од градскиот трговски центар во … Повеќе

Полови дејствија врз малолетник во Желино

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно 23-годишно лице, бидејќи постои сомнение дека извршил други полови дејствија врз дете кое не наполнило 15 години, кривично дело казниво според член 188 став 5 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 2 јануари … Повеќе

Истрага за убиство во Тетово, предложен притвор

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 65-годишен тетовец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Убиство според член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик. При семејно насилство и по кратка меѓусебна расправија, осомничениот со истрел од ловна пушка која ја поседувал со дозвола, со умисла … Повеќе

Истрага за пронајдена марихуана во Тетово

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против жител на Мала Речица за кого постои основано сомнение дека сторил – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 30 декември, во својот автомобил држел пакувања со вкупно 50,13 … Повеќе

Истрага за недозволено држење оружје и муниција во Непроштено

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело- Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 од Кривичниот законик. Осомничениот, 51-годишник од Непроштено, вработен како виш оперативен работник во МВР, во домот и во уште една куќа во негова … Повеќе

Двајца осомничени за убиство во тетовско

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца сега 41-годишни жители на селото Порој, од кои првиот е директно осомничен за кривично дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик сторено во 2013 година, додека другиот му помогнал во извршување на убиството и бил соучесник во – Неовластено … Повеќе

Истрага за поседување бомби во тетовско

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против жител на Мала Речица кој неовластено држел експлозивни материи кои на граѓаните им се забранети. Две рачни бомби – кашикари ги снимил и фотографирал со својот мобилен телефон, како ги држи во рака. На телефонот имал и означена локација во селото Доброште. Потоа се … Повеќе

Соопштение

Основното јавно обвинителство Тетово и Министерството за внатрешни работи интензивно преземаат дејствија за расчистување на настанот во тетовското село Слатино каде вчера беа пронајдени починати мајка и дете. Првичните сознанија од наредената обдукција упатуваат на труење како веројатна причина за смрт на лицата, па од починатите се земени примероци за дополнителни токсиколошки анализи со цел … Повеќе

Постапка за полово вознемирување на дете во Тетово

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против 29-годишник од селото Церово кој е осомничен дека спрема малолетничка родена 2007 година сторил кривично дело – Злоупотреба на лични податоци од член 144 став 2, како и Полово вознемирување според член 190-а став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот во повеќе наврати, преку една социјална мрежа, ја контактирал … Повеќе

Обид за убиство на малолетник во тетовско, истрага против едно лице

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. Осомничениот 28-годишник, на 26 септември, во фабрика во селото Голема Речица, со умисла се обидел да лиши од живот 17-годишник, нанесувајќи му … Повеќе

Откриен канабис во тетовско, поведена истрага

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 22-годишник осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Истрагата е поведена бидејќи полициски службеници на 9 септември кај осомничениот во селото Јажинце пронашле 107 гранки со … Повеќе

Истрага за обид за убиство

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за кривично дело – Убиство според член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик и до надлежниот суд поднесе предлог за определување мерка притвор за осомничениот 36-годишник. На 30 август во селото Стримница, пред угостителски … Повеќе

Дилери затекнати при препакување марихуана во тетовско, поведена истрага

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, кои како соизвршители сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. На 28 август, двајцата осомничени, во атарот на селото Палатица, … Повеќе

Истрага за силување во Тетово

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 30-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Полов напад и силување според член 186 од Кривичниот законик. Во близина на бензинска пумпа на влезот од Тетово, на 30 јули во вечерните часови, осомничениот нападнал жена со која до неодамна бил … Повеќе

Извршен увид на местото на убиството во Боговиње

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово изврши увид на лице место во Боговиње, каде едно лице беше лишено од живот со огнено оружје. Сторителот е идентификуван и лишен од слобода, а кај него е пронајдено и оружјето со кое го извршил делото. Според првичните информации, настанот се случил во угостителски објект во кој … Повеќе

Истрага за разбојништво со автоматска пушка во казино во Лешок

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка. На 24 април, осомничениот, маскиран со „фантомка“,  влегол во казино во Лешок и со автоматска пушка која на граѓаните им е забранета им се заканил на вработениот во обезбедувањето и … Повеќе

Истрага против дилер на марихуана од Тетово

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 од Кривичниот законик. При претрес во домот во кој престојувал осомничениот 18-годишник на улицата „180“ во Тетово, полицијата … Повеќе

Пронајдено оружје и фалсификувани пари, поведена истрага против едно лице

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривични дела – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од член 396 и Фалсификување пари од член 261 од Кривичниот законик. Осомничениот, во својата куќа во селото Шипковица, неовластено држел … Повеќе

Истрага за двојното убиство во Челопек

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 59-годишен жител на Челопек, кој вчера лиши од живот две лица, а се обидел да убие уште четири лица од истото семејство. Осомничениот се сретнал со оштетените  кога излегле во дворот на куќата и започнал расправија за пат кој го користеле заеднички и за … Повеќе