Уште тројца турски државјани обвинети за фалсификување исправа

Уште тројца турски државјани обвинети за фалсификување исправа

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе обвинителни предлози и против тројца државјани на Република Турција за кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите, на пасошка контрола при излез од државава, на граничниот премин на Меѓународниот аеродром Скопје, прикажале лажни потврди за негативни ПЦР тестови за SARS-CoV-2 вирусот, кои … Повеќе

На скопскиот аеродром, 12 обвинети за употреба на фалсификувани потврди за ПЦР тестови

Против вкупно 12 лица Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителни предлози за кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите, во различни кривично-правни настани во периодот од 19 до 23 февруари, на граничниот премин на Меѓународниот аеродром Скопје, прикажувале лажни потврди за негативни ПЦР тестови за SARS-CoV-2 вирусот, кои … Повеќе

Побаран притвор за две лица осомничени дека извршиле кривично дело за време на протестот за „Монструм“

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против две лица за кривично дело – Учество во толпа која ќе изврши кривично дело согласно член 385 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничените, на возраст од 22 и 19 години, учествувале на вчерашниот јавен собир на граѓани во Скопје – протест за пресудата … Повеќе

Поднесено барање за подготвителна постапка за дете-учесник во сообраќајна несреќа со тешки последици

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за деца при Основниот кривичен суд Скопје поднесе Барање за поведување подготвителна постапка спрема дете во ризик постаро од 14 години, за кое постои основано сомнение дека извршило дејствие кое со закон е определено како кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот … Повеќе

Обвинителни предлози за употреба на фалсификувани ПЦР тестови на скопскиот аеродром

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителни предлози против вкупно 9 лица, од кои шестмина македонски државјани, двајца швајцарски државјани и една државјанка на Република Босна и Херцеговина. Сите се обвинети дека во издвоени кривично-правни настани сториле кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 1 од Кривичниот законик. Имено, на граничниот премин на Меѓународниот … Повеќе

По обвинителен предлог, изречени казни за употреба на фалсификувани ПЦР тестови

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против маж и жена, државјани на Република Германија по потекло од Косово, кои се товарат за кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 1 од Кривичниот законик. На 22 февруари, на Меѓународниот аеродром Скопје, на граничниот премин при излез од државава, пред овластените службени лица за … Повеќе

Поднесено обвинение за недозволено поседување пиштол и муниција

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна постапка, поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 1 февруари во селото Горно Количани, во автомобилот неовластено држел пиштол марка „Црвена застава М 70А“ … Повеќе

Донесена резолуција во предметот за поранешниот претседател на Врховниот суд

Основното јавно обвинителство Скопје донесе резолуција во однос на известувањето од 29.10.2019 година на Врховниот суд на РСМ, во кое се наведени предмети кои биле затекнати по донесените одлуки за времено оддалечување од вршење на судиската функција на тогашниот претседател на Врховниот суд и на уште еден судија. Надлежниот јавен обвинител ја донесе резолуцијата, бидејќи од … Повеќе

Поднесено обвинение во предметот познат како „Лидери“

По спроведена предистражна и истражна постапка од поранешното Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен акт против едно лице во предметот во јавноста познат како „Лидери“. Обвинетиот 50-годишник од Скопје се товари за кривично дело – Бесправно … Повеќе

Турски државјанин обвинет затоа што прикажал фалсификуван ПЦР тест за коронавирус

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против државјанин на Република Турција, осомничен дека сторил кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот 32-годишник, на 17 февруари на граничниот премин на Меѓународниот аеродром – Скопје, при пријава за излез од државава, употребил медицински сертификат за извршено тестирање за SARS-CoV-2 … Повеќе

Притвор за осомничен за разбојничка кражба во Штип

Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомневање дека сторило кривично дело – Разбојничка кражба од член 238 став 1 од Кривичниот законик. На 6 февруари, осомничениот влегол во куќа на улицата „Гоце Делчев“, извршил пребарување и одзел лап топ компјутер вреден 50.000 денари. При … Повеќе

Двајца велешани осомничени за обид да извршат разбојништво

Основното јавно обвинителство Велес поведе истражна постапка против две лица за кривично дело – Разбојништво согласно член 237 став 4 во врска со став 1 и во врска со членовите 22 и 19 од Кривичниот законик. Имено, на 13 февруари во вечерните часови, осомничените како соизвршители се обиделе да извршат разбојништво во трафика лоцирана на … Повеќе

Притвор за разбојништво во казино во Богданци

Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против едно лице од село Стојаково, Општина Богданци за кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 28 јануари, осомничениот маскиран со црна фантомка на лицето и со црни ракавици на рацете, носејќи ранец на грбот, влегол во казино во Богданци. Вперувајќи … Повеќе

ОЈО Скопје поднесе обвинение за изнуда

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе обвинение против вкупно шест лица, од кои: –          еден е обвинет за кривичните дела –  Изнуда од член 258 став 2 во врска со став 1 и Несовесно работење во службата согласно член 353-в став 4 во врска со ставовите 3 и 1 од Кривичниот законик –          еден … Повеќе

Поднесено обвинение за продолжено кривично дело тешка кражба

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за продолжено кривично дело – Тешка кражба, казниво согласно член 236 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. На 11 февруари, обвинетиот 24-годишниот жител на Свети Николе извршил две временски поврзани дејствија кои претставуваат повеќекратно остварување на … Повеќе

Обвинение за поседување на речиси 20 килограми марихуана

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 43 – годишен скопјанец за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот на 21 јануари, во патничко возило Шкода фабиа, на паркинг простор на улицата „Јадранска магистрала“, неовластено заради продажба … Повеќе

Поднесено обвинение за кражба на автомобил

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Кражба од член 235 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 9 февруари, противправно присвоил автомобил БМВ 330Д, паркиран на улица „Езерци“, вреден 210.000 денари. Откако се уверил дека нема никој во близина, тој влегол преку незаклучената врата на автомобилот и … Повеќе

Притвор за лице кое опожари возило во Берово

Основното јавно обвинителство Кочани поведе постапка против беровец, за кој постои основано сомневање дека го сторил кривично дело – Тешки дела против општата сигурност од член 292 став 1 во врска со член 288 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот на 12.2.2021 година, околу 1:30 часот во Берово, свесен за своето дело и сакајќи го … Повеќе

Жител на Свети Николе осомничен за тешки кражби во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице заради основано сомневање дека сторило кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1  точка 3 од Кривичниот законик и еден обид за тешка кражба. На 11 февруари, 24-годишниот жител на Свети Николе на улицата „Трифун Хаџи Јанев“ во населбата Автокоманда,  на дрзок начин одзел … Повеќе

Шеесетгодишник осомничен за задоволување полови страсти пред деца

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Задоволување на полови страсти пред друг од член 190 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Шеесетгодишниот жител на село Миладиновци е осомничен дека на 3 февруари, на улицата … Повеќе