Основното јавно обвинителство Битола поднесе предлог за издавање казнен налог против едно лице за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
На 3 мај, обвинетото лице, за време на полицискиот час, било затекнато како се движи со патничко моторно возило Фолксваген голф во центарот на градот. Со ова тој постапил спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, донесена со цел спречување и сузбивање на ширењето на заразната болест COVID-19.
За обвинетиот, Обвинителството на Основниот суд Битола му предлага да изрече парична казна од 100 дневни глоби при што вредноста на една дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност.