Соопштенија

Битолското обвинителство поведе постапки против десет лица заради прекршување на полицискиот час

Обвинетите во одделни кривично правни настани, се товарат дека за време на полицискиот час, се движеле низ Битола пеш или со возило. Со тие дејствија не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија, донесена како мерка за сузбивање и спречување на заразната болест COVID-19.

Заради стореното кривично дело, Основното јавно обвинителство Битола побара од Судот на обвинетите за стореното кривично дело да им определи парична казна во износ од по 100 дневни глоби, при што вредноста на секоја дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност.​