Односи со Јавноста

Едно лице под истрага за обид за убиство

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. Осомничениот на 24.02.2019 година со умисла се обидел да лиши од живот едно оштетено лице, така … Повеќе

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против три лица кај кои е најдена дрога

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредби за спроведување на истражна постапка во три одделни предмети оформени против лица кој кои при извршен претрес е најдена дрога – марихуана. Лицата се осомничени дека сториле кривични дела- Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, псхотропни супстанции и прекурсори од член 215 … Повеќе

Основното јавно обвинителство Скопје гони осомничен за тешка кражба на повеќе од 600.000 денари од автомобил

Основното јавно обвинителство Скопје започна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека извршило кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик за кое дело е предвидена затворска казна од една до пет години. Осомничениот на 01.02.2019 година со автомобилска свеќичка го скршил стаклото од задната … Повеќе

Побаран притвор за осомничен за продолжено кривично дело тешка кражба

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје почна постапка против едно лице кое се гони за продолжено кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик. Осомничениот со умисла извршил две временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на истото дело, искористувајќи притоа слични околности. На 24.11 2018 … Повеќе

Поведена постапка за извршен обид за кражба на возило

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице, државјанин на Република Србија за сторено кривично дело Тешка кражба од член 236 став 2 во врска со член 19 од Кривичниот законик. Осомничениот на 20 февруари во попладневните часови се обидел да украде патничко моторно возило Мерцедес  Бенз  Е 250 АМГ  во сопственост на трговско … Повеќе

Обвинителен предлог за напад врз униформирана полициска службеничка при вршење работи на безбедноста

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице кое се товари за кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од  член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот 25-годишен жител на Скопје, на 13.02.2019 година, во подземна … Повеќе

Под истрага организаторите на настаните во Собранието на Република Македонија

По спроведена сеопсежна предистражна постапка, надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против пет лица за кои постои основано сомневање дека сториле кривично дело – Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, предвидено и казниво по член 313 од Кривичниот законик. … Повеќе

Наредена истрага против две лица заради пуштање во промет марихуана и психотропни супстанции

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Лицата, по претходен договор, во станот во кој престојувале, … Повеќе

Отфрлена кривичната пријава на Светскиот македонски конгрес против две лица

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Решение за отфрлање на кривичната пријава поднесена од Светскиот македонски конгрес на 14.09.2018 година против две лица за повеќе кривични дела – Повреда на угледот на државата, Излагање на подбив на македонскиот народ и припадници на заедниците, Велепредавство, Загрозување на независноста, Здружување заради непријателска дејност, Несовесно … Повеќе

Започната постапка против едно лице заради нанесени телесни повреди на сопствената мајка

Основното јавно обвинителство Скопје започна постапка постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот на 17.02.2019 година, во семејниот дом во с. Визбегово, во видно алкохолизирана состојба, физички ја нападнал неговата мајка, удирајќи … Повеќе

Постапка против осомничени кои изработувале и продавале огнено оружје

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поведе постапка против вкупно девет лица од организирана криминална група за изработка и продавање на огнено оружје. Надлежен јавен обвинител поради постоење на основано сомнение донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против девет лица за сторено кривично дело –  Неовластено изработување, држење, посредување и … Повеќе

Меѓуинституционална координација за утврдување на причините за автобуската несреќа

Заради координација и поголема динамика во постапувањето на сите надлежни институции при утврдувањето на причините на автобуската несреќа што се случи на автопатот Скопје-Тетово кај с. Ласкарци, во Основното јавно обвинителство Скопје денеска се одржа работен состанок на претставници од надлежното обвинителство, Министерството за внатрешни работи, Бирото за судски вештачења, Машинскиот факултет во Скопје и … Повеќе

Постапка против членови на организирана група за криумчарење мигранти

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во координирана акција со Министерството за внатрешни работи пресече организиран канал за криумчарење мигранти. Надлежен обвинител донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 21 лице за сторени кривични дела Криумчарење мигранти по член 418-б и Организирање на група и поттикнување на извршување на делата … Повеќе

Заврши увидот на местото на тешката автобуска несреќа на автопатот Скопје-Тетово

Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје заедно со увидни екипи на Министерството за внатрешни работи денеска во 13.15 минути го заврши увидот на лице место на тешката сообраќајна несреќа што се случи вчера на патниот правец Скопје-Тетово, во која 14 лица го загубија животот, а повеќемина се повредени. Интензивно се работи на утврдување … Повеќе

Основното јавно обвинителство Скопје врши увид на местото на тешката автобуска несреќа на автопатот Скопје-Тетово

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје врши увид на лице место на тешката сообраќајна несреќа која се случи на автопатот Скопје – Тетово и во која до овој момент 13 лица го загубија животот, а повеќемина се повредени Според првичните информации од увидот, несреќата се случила попладнево кога автобус на компанијата „Дурмо турс“ … Повеќе

СООПШТЕНИЕ

Во продолжение го објавуваме во целост Барањето за давање на автентично толкување испратено денеска од Јавниот обвинител на Република Македонија во Собранието на Република Македонија                        Јавниот обвинител на Република Македонија, врз основа на член 175 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, поднесува   … Повеќе

Поднесен обвинителен предлог против четири лица за злоупотреба на службена положба и овластување

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против четири лица на кои им се става на товар дека сториле кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите, вработени како службени лица во Агенцијата за катастар на недвижности Скопје, со искористување … Повеќе

Обвинение за обљуба врз немоќно лице

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица поднесе Обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело Обљуба врз немоќно лице од член 187 став 1 од Кривичниот законик. Обвинителот до Основниот суд Струмица достави и предлог за продолжување на определената  мерката притвор, ценејќи дека се исполнети законските основи. Обвинетиот на возраст од триесет … Повеќе

Поднесено обвинение против членови на група кои вршеле изнуда и продолжена уцена на едно оштетено лице

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против две лица за сторено кривично дело – Изнуда  од член 258 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. Обвинетите, заедно со уште едно лице кое е недостапно на органите на прогонот и по кое е распишана … Повеќе

Притвор и истрага за Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори

Надлежен јавен обвинител од Основното jавно oбвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против еден македонски и двајца албански државјани. Истрагата е поради постоење на основи на сомневање дека лицата сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. На … Повеќе