Односи со Јавноста

Истрага за осум трговци со македонско културно наследство

По неколкумесечна предистражна постапка, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против осум лица.

 

Истрага за осум трговци со македонско културно наследство         

По неколкумесечна предистражна постапка, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против осум лица. Двајцата првообвинети во периодот од мај минатата година до денес, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, создале група на која се придружиле останатите осомничени. … Повеќе

Притвор за осомничена за убиство во Велес

Основното јавно обвинителство во Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 23-годишна девојка од Велес за кривично дело – Убиство. На 29 септември, во раните утрински часови, во куќата во која живеела, осомничената при вршење семејно насилство лишила од живот 40–годишен маж со кого живеела во вонбрачна заедница. По вербална и физичка расправија меѓу … Повеќе

Обвинение за сторителка на шест тешки кражби во Скопје

По спроведена претходна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен предлог против 35-годишна скопјанка која се товари за шест кривични дела – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 3 од Кривичниот законик. Обвинетата, на 3 септември, на автобуска станица кај пазарот во населбата Ченто, се качила во автобус заедно со една жена … Повеќе

Поднесено обвинение за дилер од Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 18 август, набавил во Скопје наркотична дрога – марихуана и ја пренел во стан во Гостивар, со намера да … Повеќе

Се истражува убиство во Велес

Основното јавно обвинителство во Велес по добиени информации во текот на ноќта,  изврши увид во куќа во Велес каде е извршено кривично дело Убиство. Првичните сознанија на обвинителството упатуваат на констатација дека смртта кај пронајденото починато лице, велешанец на возраст од 40 години, настапила по убод со нож во пределот на срцето. По наредба на … Повеќе

Скопјанка осомничена за шест тешки кражби

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 35-годишна осомничена за шест кривични дела – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 3 од Кривичниот законик. Осомничената, на 3 септември, на автобуска постојка кај пазарот во населбата Ченто, се доближила до една оштетена и по краток разговор со неа искористила момент на невнимание и и … Повеќе

Привремена Комисија на јавното обвинителство ќе следи евентуални изборни нерегуларности

Настаните поврзани со претстојните локални избори, закажани за 17 октомври 2021 година, се од општ интерес на јавноста. Оттука, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија донесе Одлука за формирање привремена Комисија за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела од Глава шеснаесет – Кривични дела против изборите и гласањето од Кривичниот законик … Повеќе

Притвор за примање поткуп

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против жителка на Куманово, на возраст од 51 година, поради постоење на основано сомневање дека сторила едно продолжено  кривичнo делo  – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 4 во врска  со став 2 во врска со став 1, а во врска со член 45 став … Повеќе

Скопјанец осомничен за одгледување канабис

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против 47-годишно лице за кое постои основано сомнение дека го сторило кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Во својот дом на улицата „Рилски конгрес“ во Скопје осомничениот … Повеќе

Побаран притвор за осомничен дилер од Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 30-годишен осомничен за кого постои основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. На 17 септември, при претрес во домот на осомничениот во … Повеќе

Поведена постапка за петмина учесници на протестите во Тетово

Основното јавно обвинителство Тетово, по поднесена пријава од СВР Тетово, поведе постапка против 5 лица за кои постои основано сомнение дека за време на протестите во Тетово, одржани на 17 септември 2021 година, го сториле кривичното дело – Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие од член 384 став … Повеќе

Притвор за авганистанци заради разбојништво

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против двајца авганистанци, на возраст од 31 и 25 години, поради постоење на основано сомнение дека го сториле кривичното дело – Разбојништво од член 237 став 1 од Кривичниот законик. Осомничените на 13.09.2021 година, во место викано Чифлик, во атар на с. Табановце, со употреба на сила и сериозна … Повеќе

Поднесено обвинение за илегално поседување марихуана во Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 20 август, набавил и држел наркотична дрога – марихуана во домот во кој живее на улица „Балиндолска“ во Гостивар. … Повеќе

Истрага за пронајдени две импровизирани лаборатории за марихуана во станови во Скопје

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 33-годишен скопјанец осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Постои основано сомнение дека лицето во станот во кој живее и во станот на … Повеќе

Наредба за спроведување на истражна постапка против четири лица осомничени за недозволена трговија со дрога

По двомесечна предистражна постапка, во текот на вчерашниот ден по насоки на предметен обвинител од  Основото јавно обвинителсто за гонење на организиран криминал и корупција, полициски службеници Министерството за внатрешни работи спроведоа координирана акција. Во акција се запленети околу 20 килограми марихуана, со вредност од околу 70.000 евра, три возила, поголема сума на пари, мобилни … Повеќе

Обвинение за недозволено поседување автоматска пушка и муниција

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи според член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот 34-годишник, на 31 август, во домот во кој престојувал на улицата „Александар Бујунов“ во Скопје држел … Повеќе

ДЕМАНТ

Во врска со објавениот текст на интернет страницата на Слободен печат, со наслов „ Обвинителството покренало истрага за сите модуларни болници“, во кој се објавува дезинформација, во интерес на вистината Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција има должност да ја информира јавноста. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и … Повеќе

СООПШТЕНИЕ

Основното јавно обвинителство Тетово продолжува со континуирано преземање дејствија за расчистување на трагичниот настан во Модуларната Ковид болница, кога 14 лица го загубија животот во пожар. Покрај досега издадените мерки и писмени наредби за вештачења, донесена е писмена наредба до Министерството за здравство на Република Северна Македонија за предавање на целокупната документација по однос на … Повеќе

Арачиновец осомничен, во домот криел автоматска пушка

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи според член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Согласно Наредбата за спроведување истражна постапка, осомничениот 26-годишен жител на Арачиново, на 9 септември, во … Повеќе