Соопштенија

Основното јавно обвинителство – Прилеп истражува обид за убиство во село Чепигово

Основното јавно обвинителство – Прилеп изврши увид на местото каде што 22-годишен жител на селото Бела Црква, општина Кривогаштани се обидел да лиши од живот едно 35-годишно лице од село Чепигово, општина Прилеп. Имено, вчера околу 19:30 часот во атарот на село Чепигово, осомничениот со пиштол калибар 9мм пукал во оштетениот, кој од истрелот се … Повеќе

Обвинителен предлог за тројцата насилници

По спроведената истражна постапка и комплетирање на доказниот материјал, Основното јавно обвинителство – Скопје до Основниот суд Скопје 1 – Скопје денес, поднесе Обвинителен предлог против Б.Е., Б.А. и Е.А. за сторено кривично дело – Насилство од чл. 386 ст. 3 вв ст.1 од Кривичниот законик. Кривично правниот настан се случил во ресторан во близина … Повеќе

Основното јавно обвинителство- Гостивар предложи мерка- Притвор за две лица

По оперативни сознанија од страна на Основниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство- Гостивар нареден е претрес на автобус кој сообраќал на линијата Струга- Гостивар. При влезот во Гостивар автобусот е запрен и кај двајца гостиварци пронајдена е 42,3 г марихуана. Надлежниот обвинител ценејќи дека се исполнети условите до судијата на претходна постапка при Основниот … Повеќе

Основното јавно обвинителство- Гостивар нареди обдукција за пронајденото починато лице во Маврово

Во текот на вчерашниот ден по пријава од соседите, во својата викендица во Маврово, кај местото викано „Бела вода“ пронајден е 70 годишен старец И.А. Со асистенција на полицијата е влезено во викендицата каде се наоѓал починатиот потпрен на маса и околу него имало крв. По наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство- Гостивар, … Повеќе

Основното јавно обвинителство – Скопје предложи мерки на претпазливост за 13 лица вработени во Агенцијата за катастар на недвижности

Основното јавно обвинителство – Скопје, оформи предмет поради постоење на основано сомневање дека 13 лица од Скопје, вработени во Агенцијата за катастар на недвижности сториле кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување по чл.353 од Кривичниот законик. Пријавените во временскиот период од 01.01.2013 година до 16.03.2016 година, во својство на катастарски службеници – … Повеќе

Одобрен притвор за осомничениот за убиството во кумановско Доброшане

Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Куманово, ценејќи дека има основи, до судијата на претходна постапка поднесе Предлог за определување мерка – Притвор за осомниченото лице што вчера беше задржано во Полициската станица во Куманово. Во исто време наредено е психијатриско вештачење на осомничениот, како и вештачење на материјалните докази пронајдени при претресот … Повеќе

Основното јавно обвинителство – Куманово ги истражува причините за смртта на едно лице пронајдено во бунар

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Куманово изврши увид на место во близина на црквата „Света Мина“ во село Добрoшане, каде во бунар кој се наоѓа во борова шума е пронајдено безживотно тело. Во координација со Министерството за внатрешни работи, нуркачи го извадиле телото на кое што била видлива прострелна рана на десната … Повеќе

Притвор за гостиварецот осомничен за убиство во Гостивар

По предлог на надлежен јавен обвинител, судија на претходна постапка определи мерка Притвор во траење од 30 дена за лицето кое само се пријави во полициска станица како учесник во завчерашното пукање во Гостивар кога животот го загуби 26-годишен гостиварец. Основното јавно обвинителство – Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лицето за сторено … Повеќе

Основното јавно обвинителство – Гостивар го истражува вчерашниот настан во кој едно лице го загуби животот

Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Гостивар издаде Наредба за спроведување на истрага за синоќешното пукање во Гостивар кога животот го загуби дваесет и шест годишен гостиварец. За расветлување на кривично правниот настан во текот на денешниот ден издадени се низа наредби за вештачење на подигнатите материјални траги и предмети, огненото оружје и … Повеќе

Притвор за лицето кое се обиде да прегази тричлено семејство во Куманово

По предлог на надлежен јавен обвинител од Основното обвинителство – Куманово, судијата на претходна постапка од Основниот суд – Куманово, одреди мерка Притвор во траење од 30 дена за едно лице против кое е донесена Наредба за спроведување на истражна постапка поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело Убиство во обид. Имено, лицето се … Повеќе

Основното јавно обвинителство – Куманово работи на расветлување на несреќата во лифтот

Основното јавно обвинителство – Куманово издаде наредба за вештачење на лифтот во кој вчера загина 6-годишно момче. Вештачењето ќе се врши на Машинскиот факултет во Скопје и треба да ги утврди причините за несреќата. По наредба на надлежен јавен обвинител, лифтот е целосно изолиран и обезбеден со полициско присуство. Во исто време, обвинителот издаде наредба … Повеќе

Притвор за лице осомничено за полов напад врз дете

Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Битола по добиената кривична пријава против 45 годишен битолчанец донесе наредба за спроведување на истражна постапка. На осомничениот му се става на товар дека сторил продолжено кривично дело „Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години “. Со оглед на природата на кривичното дело и начинот … Повеќе

Осуденик се самозапалил и со автомобил удрил во зградата на Основниот суд – Битола

Околу 3 часот утрово, 67-годишен битолчанец се полеал со бензин и се самозапалил, па со автомобил во кој имало плинска боца од 10 литри удрил во скалите од зградата на Основниот суд – Битола. Плинската боца не експлодирала. Судскиот полицаец успеал да го изгасне лицето кое со тешки телесни повреди е пренесено на клиниките во … Повеќе

Основното јавно обвинителство – Куманово ги истражува причините за смртта на родилката

Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство -Куманово веднаш издаде Наредба за обдукција на телото на починатата родилка, како и насоки за прибирање на информации за утврдување на причините што довеле до смртта на родилката. Имено, во текот на вчерашниот ден сега починатата 37 годишна родилка од Крива Паланка била донесена во Јавната здравствена установа … Повеќе

Основното јавно обвинителство – Тетово презема мерки за пронаоѓање на напаѓачите кои повредија четворица полицајци

Основното јавно обвинителство – Тетово, во координација со СВР-Тетово презеде дејствија за расветлување на вчерашниот кривично-правен настан во кој при обид за лишување од слобода на осуденик беа нападнати и повредени четворица полициски службеници. При вршење на  увидот на лице место се пронајдени, фотодокументирани и подигнати за вештачење повеќе траги, а се преземаат и мерки … Повеќе

Одобрено обвинение поднесено од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција против девет лица

Во организирана акција координирана од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, навлезено е во трагите на криминална група што извршувала различни дејствија за продажба на наркотична дрога – марихуана. Девет члената група кривичните дела ги сторила во текот на 2015 и 2016 година. По прибирање на доказите и завршување на истражната … Повеќе

Основното јавно обвинителство Охрид поведе постапка против едно лице за полов напад врз дете

Основното јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице, на возраст од 73 години, жител на Скопје, со престојувалиште во Охрид, за сторено кривично дело од член 188 став 1 од Кривичниот законик – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години. Осомничениот го сторил делото на 6 јуни … Повеќе

Осум осомничени за кривични дела од коруптивна природа на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по повеќемесечна оперативна обработка на податоци, прибра докази до степен на основано сомнение за сторени кривични дела со коруптивна природа каде оштетени се студенти од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. Осомничени се осум лица од кои шест се универзитетски професори, еден демонстратор и … Повеќе

СООПШТЕНИЕ

Основното јавно обвинителство – Скопје ја известува јавноста дека од досегашниот тек на предистражната постапка во предметот за починатото лице К.К. е утврдено дека станува збор за самоубиство. И покрај тајноста на предистражната постапка, Основното јавно обвинителство – Скопје за утврденото ја известува јавноста, со цел отстранување на шпекулациите. Постапката по предметот во Обвинителството и … Повеќе

Основното јавно обвинителство – Струга поднесе обвинение за убиството кај Долна Белица, струшко

Кривично правниот настан се случи вечерта на 13 декември минатата година на локалниот пат Струга – Долна Белица, кога при меѓусебна престрелка на две групи едно лице го загуби животот, а две беа повредени. По спроведена сеопфатна истражна постапка, Основното јавно обвинителство – Струга поднесе обвинение против две лица. Обвинетите Б.Б и Е.Б се товарат за … Повеќе