Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Велес по вчерашното разбојништво во Велес во насока на утврдување на околностите на стореното кривично дело, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против двајца скопјани и еден велешанец кој е недостапен на органите на прогонот. Сите три лица се осомничени дека сториле кривично дело Разбојништво од чл.237 од Кривичниот законик, а на првоосомничениот му се става на товар и кривично дело – Недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи од чл.396 ст.1 од Кривичниот законик.
Основното јавно обвинителство Гостивар ја расчистува тепачката меѓу навивачките групи на Будуќност и Шкендија
На ден 21.02.2016 година на магистралниот пат А2 Гостивар – Кичево, во близина на преминот Стража, на место викaно Сретков Мост, два автобуса со навивачи на женскиот ракометен клуб „Будуќност“ од Подгорица, Црна Гора, биле паркирани на проширен дел од патот. Во тој момент со полициска придружба поминувал еден автобус од вкупно 10 автобуси со … Повеќе