Соопштенија

Поведена постапка за петмина учесници на протестите во Тетово

Основното јавно обвинителство Тетово, по поднесена пријава од СВР Тетово, поведе постапка против 5 лица за кои постои основано сомнение дека за време на протестите во Тетово, одржани на 17 септември 2021 година, го сториле кривичното дело – Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие од член 384 став … Повеќе

Притвор за авганистанци заради разбојништво

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против двајца авганистанци, на возраст од 31 и 25 години, поради постоење на основано сомнение дека го сториле кривичното дело – Разбојништво од член 237 став 1 од Кривичниот законик. Осомничените на 13.09.2021 година, во место викано Чифлик, во атар на с. Табановце, со употреба на сила и сериозна … Повеќе

Поднесено обвинение за илегално поседување марихуана во Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 20 август, набавил и држел наркотична дрога – марихуана во домот во кој живее на улица „Балиндолска“ во Гостивар. … Повеќе

Истрага за пронајдени две импровизирани лаборатории за марихуана во станови во Скопје

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 33-годишен скопјанец осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Постои основано сомнение дека лицето во станот во кој живее и во станот на … Повеќе

Наредба за спроведување на истражна постапка против четири лица осомничени за недозволена трговија со дрога

По двомесечна предистражна постапка, во текот на вчерашниот ден по насоки на предметен обвинител од  Основото јавно обвинителсто за гонење на организиран криминал и корупција, полициски службеници Министерството за внатрешни работи спроведоа координирана акција. Во акција се запленети околу 20 килограми марихуана, со вредност од околу 70.000 евра, три возила, поголема сума на пари, мобилни … Повеќе

Обвинение за недозволено поседување автоматска пушка и муниција

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи според член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот 34-годишник, на 31 август, во домот во кој престојувал на улицата „Александар Бујунов“ во Скопје држел … Повеќе

ДЕМАНТ

Во врска со објавениот текст на интернет страницата на Слободен печат, со наслов „ Обвинителството покренало истрага за сите модуларни болници“, во кој се објавува дезинформација, во интерес на вистината Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција има должност да ја информира јавноста. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и … Повеќе

СООПШТЕНИЕ

Основното јавно обвинителство Тетово продолжува со континуирано преземање дејствија за расчистување на трагичниот настан во Модуларната Ковид болница, кога 14 лица го загубија животот во пожар. Покрај досега издадените мерки и писмени наредби за вештачења, донесена е писмена наредба до Министерството за здравство на Република Северна Македонија за предавање на целокупната документација по однос на … Повеќе

Арачиновец осомничен, во домот криел автоматска пушка

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи според член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Согласно Наредбата за спроведување истражна постапка, осомничениот 26-годишен жител на Арачиново, на 9 септември, во … Повеќе

Скопјанец осомничен за нелегално поседување дрога и психотропни супстанции

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 30-годишен скопјанец осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. На 9 септември, при претрес во домот во кој престојувал осомничениот на улицата „Методија Шаторов Шарло“ … Повеќе

Соопштение

Во врска со написите објавени во медиумите во текот на денешниот ден, Јавното обвинителство на Република Северна Македонија ја известува јавноста дека експертскиот тим од Федералната криминалистичка полиција на Германија, кој треба да помогне за утврдување на причините за пожарот во модуларниот Ковид центар во тетовската болница, треба да пристигне во земјава во следните неколку … Повеќе

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ќе ги истражува јавните набавки за изградба на модуларните болници

Трагичниот настан што се случи во Тетово иницираше Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција согласно своите надлежности да отвори предмет по допрен глас. Постапката е во насока на проверка на спроведувањето и реализацијата на јавните набавки за изградба на модуларните болници во државава. За таа цел, денеска до Бирото за јавни … Повеќе

Продолжуваат дејствијата за утврдување на причините за пожарот во тетовската болница

Дејствијата кои ги преземаат петтемина обвинители за утврдување на причината за настанување на пожарот во Модуларната Ковид болница во Тетово во кој животот го загубија 14 лица, во континуитет продолжуваат. Донесени беа наредби за вршење на судско-медицинска обдукција и идентификација на телата на починатите до Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија при Медицински … Повеќе

Истрага за илегална препродажба на марихуана и кокаин во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанции и прекурсори согласно член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Првиот осомничен, недостапен на органите на прогонот, заедно со неговиот татко, во … Повеќе

Обвинителен акт за незаконски спроведувани јавни набавки во општина Битола во период од 2014 до 2017 година

Основното јавно обвинителство Битола до Основниот суд Битола достави Обвинителен акт со кој В.Т. поранешен градоначалник го товари дека истиот  во еден кривично правен настан како соизвршител, а во  повеќе други настани самиот сторил продолжено  кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Едновремено со обвинителниот акт се опфатени и поранешен … Повеќе

Продолжува увидот по пожарот во модуларната болница во Тетово

За вршење непосреден увид на местото на трагичниот настан во модуларната болница во Тетово, покрај тројца обвинители од Основното јавно обвинителство во Тетово, синоќа излегоа и двајца обвинители од Основното јавно обвинителство од Скопје. На местото на настанот беше и јавниот обвинител на Република Северна Македонија кој присуствуваше и на работата на Кризниот штаб. Во … Повеќе

Соопштение

Основното јавно обвинителство Тетово врши увид на лице место во модуларната ковид болница во Тетово каде вечерва избувна пожар во кој има жртви чиј број се утврдува. Во увидот се вклучени тројца јавни обвинители од Основното јавно обвинителство Тетово, на кои им се придружија уште двајца јавни обвинители од скопското јавно обвинителство. Тимот од петмина … Повеќе

Истрага за лице осомничено за предизвикување тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат Кичево-Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот според член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик. На 4 септември, на магистралниот пат Кичево-Гостивар, осомничениот како учесник во сообраќајот … Повеќе

Постапка против одгледувачи на растението канабис

Постапувајќи по поднесената кривична пријава, Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири лица, едно од с.Негорци и тројца од Гевгелија, заради постоење на основано сомневање дека сториле по едно кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 … Повеќе

Државниот обвинител Јовески на меѓународен симпозиум во Анкара за постaпувањето на Високите Апелациони судови во Анкара, Република Турција

“Македонскиот правен и законодавен систем ја гарантира независноста на судовите и самостојноста на јавното обвинителство”, истакна Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески кој денеска во Анкара се обрати на Меѓународниот симпозиум за ефикасност на Високи апелациони судови. Во обраќањето Јовески се осврна на постапувањето на јавнитe обвинители во жалбената постапка и обезбедувањето на … Повеќе