Соопштенија

Трговија со дете – петмина под истрага

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривичната пријава поднесена од Националната единица за сузбивање на криумчарење на мигранти и трговија со луѓе при МВР, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против пет лица. Според описот во диспозитивот на наредбата постои основано сомнение дека осомничените сториле … Повеќе

Предложени мерки против две лица по сообраќајната несреќа на автопатот Гостивар-Тетово

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка и предложи мерки на претпазливост за две лица по вчерашната сообраќајна несреќа на автопатот Гостивар – Тетовo. Станува збор за двајцата возачи, бидејќи според првичните сознанија едниот 19-годишник од Врапчиште со македонско и словенечко државјанство управувал со автомобил Мерцедес со брзина поголема од дозволената, а вториот 47-годишник од Охрид … Повеќе

Се испитуваат причините за несреќа при пад на гранка од дрво во Карпош

Во координација со јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје екипи на Министерството за внатрешни работи извршија увид во Општина Карпош, каде при пад на гранка од дрво вчера 10-годишно дете се здоби со тешки телесни повреди. Детето е хоспитализирано и се уште е под опсервација. Јавниот обвинител издаде наредби за обезбедување на целокупната документација … Повеќе

Извршен увид на место на сообраќајна несреќа во Скопје

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место на сообраќајна несреќа во која ноќеска околу полноќ животот го загуби 77-годишен велосипедист. Несреќата се случила на булеварот „Киро Глигоров“, во близина на железничкиот надвозник, кога автомобил „Мицубиши“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 26-годишен возач, удрило во велосипедот. Велосипедистот се здобил … Повеќе

Под истрага двајца полициски службеници

Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција постапувајќи по кривичната пријава поднесена од МВР, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против двајца полициски службеници. Постои основано сомнение дека осомничените сториле продолжено кривично дело Попречување на правдата, продолжено кривично дело Злоупотреба … Повеќе

IN MEMORIAM

Почина Воислав Гавровски, поранешен јавен обвинител во републичкото Јавно обвинителство. Гавровски беше роден на 28.06.1951 година во Тетово, а на Правниот факултет во Скопје дипломирал во 1976 година. По дипломирањето работел во Судот во Тетово, каде напредувал до судиска функција, а потоа ја вршел и функцијата секретар во тетовската општина. Од 1991 до 1993 година … Повеќе

Поведена постапка за демнење на градоначалникот на Неготино

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против 28 -годишен жител на Неготино за кого постои основано сомнение дека извршил кривично дело – Демнење согласно член 144-а став 1 од Кривичниот законик. Во периодот од 12.09.2024 до 25.02.2025 година осомничениот, преку Вајбер и Фејсбук настојувал да воспостави несакан контакт со оштетениот – градоначалник … Повеќе

Истрага за сообраќајна несреќа во Скопје

Мерки на претпазливост кои вклучуваат привремено одземање возачка дозвола и забрана за нејзино издавање, забрана за напуштање на живеалиштето или престојувалиштето, обврска на осомничениот да се јавува на одредено службено лице во судот, како и привремено одземање на патна исправа за преминување на државна граница предложи јавниот обвинител за 47-годишник против кого е поведена истрага … Повеќе

Насоки за итните постапки за кривични дела против безбедноста во сообраќајот во Скопје

Имајќи ги предвид статистичките податоци на Министерството за внатрешни работи кои укажуваат на зачестеност на прекршочните и кривичните дела од областа на сообраќајот, Основното јавно обвинителство Скопје одржа координативен состанок со полициските служби од СВР Скопје на кои им издаде конкретни насоки за поефикасно постапување при ситуации на загрозување на безбедноста во сообраќајот, а во … Повеќе

Притвор за малолетник за трговија со дрога

Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за деца при Основниот кривичен суд Скопје достави Барање за поведување подготвителна постапка со предлог за определување мерка притвор против дете во судир со законот на возраст над 16 години. На паркинг простор пред зградата, како и во ѕидот од ходникот во близина на станот каде престојувал 17-годишникот држел … Повеќе

Постапка против десет припадници на затворска полиција

Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција постапувајќи по кривичната пријава поднесена од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до судијата на претходна постапка при Основен кривичен суд Скопје достави предлог за определување на мерки на … Повеќе

Поднесен обвинителен акт во предметот „Адитив“

Врз основа на доказниот материјал прибран во текот на истражната постапка, предметните јавни обвинители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денеска до Основниот кривичен суд – Скопје поднесоа Обвинителен акт против 31 физичко и пет правни лица. Според наводите во диспозитивот првообвинетиот сторил кривично дело Несовесно работење во службата, додека … Повеќе

Еден осомничен за тешка кражба во стан во Скопје

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило –  Тешка кражба од член 236 став 1 и Изработување и набавување оружје и средства наменети за извршување на кривично дело од член 395 став 3 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 24 февруари, заедно со друго … Повеќе

Предложен притвор за осомничен за силување во Скопје

Поради основано сомнение за сторено кривично дело – Полов напад и силување од член 186 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против 37-годишен скопјанец. Осомничениот, на 21 февруари, насилно извршил обљуба врз жена во автомобилот сопственост на неговиот татко, принудувајќи ја на сексуален однос … Повеќе

Истрага против дилер на марихуана во Тетово

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело- Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. При претрес во домот на осомничениот, во рамките на оперативна полициска акција, пронајдени се 126,95 грама марихуана во поделена … Повеќе

Обвинение за намерно предизвикување пожар во кафуле во Кисела Вода

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против вкупно три лица кои се товарат дека како соизвршители сториле – Тешки дела против општата сигурност по член 292 став 1 во врска со член 288 став 1 од Кривичниот законик. Тројцата обвинети, во раните утрински часови на 13.11.2024 година, … Повеќе

Обвинителствата од Западен Балкан и Јужна Америка ја зајакнуваат соработката за справување со организирани криминални групи

Јавни обвинители од Западен Балкан и Јужна Америка учествуваат на конференција во главниот град на Перу, Лима со цел зајакнување на меѓународната соработка во борбата против организираниот криминал. На состанокот на тема „Вмрежување за резултати: Зајакнување на прекуграничната соработка меѓу јавните обвинители од Западен Балкан и Јужна Америка во областа на организираниот криминал“ се преземаат … Повеќе

Извршен увид во документација во ВЈО Скопје

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип денеска изврши увид во Вишото јавно обвинителство Скопје и обезбеди докази во постапката за кривични дела – Злоупотреба на службената положба и овластување и Малтретирање во вршење на службата поведена против јавен обвинител. Јавниот обвинител и стручни соработници од ОЈО Штип ги документираа податоците внесени во уписниците … Повеќе

Шест лица под истрага за Трговија со луѓе

Под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во текот на вчерашниот ден истражители од Истражниот центар во обвинителството и Националната единица за борба против криучарење мигранти и трговија со луѓе при МВР реализираа акција во која се лишени од слобода две лица за кои постои основано … Повеќе

Нападнат полициски началник во Кавадарци, предложен притвор за две лица

Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против две лица за кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста согласно член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Двајцата соизвршители осомничени за ова кривично дело, на 15 февруари во раните утрински часови, во дискотека во Кавадарци нападнале службено … Повеќе