Соопштенија

Четворица гостиварци го прекршиле полицискиот час

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка за четири лица кои го прекршиле полицискиот час и со тоа дејствие го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Тие се движеле пеш или со возила за време додека во сила била Одлуката на Владата на Република Северна Македонија за забрана на движење на населението на територијата на државата, За стореното, гостиварското обвинителство му предложи на Судот на обвинетите да им определи парична казна во висина од по 100 дневни глоби.