Соопштенија

Двајца обвинети за непочитување на полицискиот час во Дебар

Во одделни кривично-правни настани, двајцата обвинети на 11 мај 2020 година, биле затекнати како се движат надвор од своите домови за време на полицискиот час, без да поседуваат дозвола за тоа. Со ова тие постапиле спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија и го сториле кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Дебарското обвинителство за обвинетите до Судот поднесе предлози за издавање казнени налози со кои предложи за секој од обвинетите парични казни од 10 до 100 дневни глоби.