Соопштенија

Двајца обвинети за трговија со дрога во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против две лица кои се товарат дека сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори согласно член 215 став 1 од Кривичниот законик.

На 30 ноември, во домот во кој престојувал, првиот обвинет, 34-годишен скопјанец, неовластено држел седум најлонски пакувања со наркотична дрога марихуана, со вкупна нето маса од 54,82 грама. При претресот кај него била пронајдена и една дигитална вага. Во истиот дом, на булеварот “Босна и Херцеговина“, при претресот бил затекнат и вториот обвинет, 45-годишен скопјанец, кој во десниот џеб имал пластична кутија со 68,42 грама марихуана, а во левиот џеб –  уште една дигитална вага со траги од канабис.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за продолжување на претходно определената мерка куќен притвор за двајцата обвинети.​